ТЕНИСКО ЛЕТО 2023

Во знак на јубилејната 70та година од македонскиот тенис, Тениската Федерација на С.Македонија оваа година во периодот од Мај до Септември 2023 година ќе биде домаќин и организатор на повеќе значајни меѓународни тениски турнири:

  1. ATP Challenger 75 – светски турнир за мажи со награден фонд од 80.000 УСД, турнир кој после 23 години, ќе се организира за прв пат во Македонија и на кој очекуваме присуство на атрактивни тенисери со ранг од 100-300 место на АТП листата, во период од 20.05.-27.05.2023 ТК ЈУГ Скопјe, https://www.atptour.com/en/tournaments/skopje/2869/overview
  2. ITF World Tennis Tour M25 – Мажи со награден фонд од 25000 УСД – на терените на тенискиот клуб ЈУГ Скопје, во периодот од 06-11.06.2023, https://www.itftennis.com/en/tournament/m25-skopje/mkd/2023/m-itf-mkd-01a-2023/
  3. Billie Jean King Cup Europe за третата група – Екипно натпреварување во тенис за жени кое по втор пат ќе се организира во нашата земја во период од 19.06.-25.06.2023, на терените на ТК ЈУГ Скопје, https://www.billiejeankingcup.com/en/draws-results/group-iii/europe/2023.aspx
  4. ITF World Tennis Tour W25– Жени со награден фонд од 25000 УСД – на терените на тенискиот клуб ЈУГ Скопје, планиран за месец септември
  5. Дипломатски турнир во организација на Министерството за Надворешни работи и Тениската Федерација, 07.05.2023, на терените на ТК ЈУГ Скопје.

Во месец септември се планира и издавање и свечено промовирање на монографија за македонскиот тенис од последните 70 години.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани