организациона шема
ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА МТФ

Македонската тениска федерација е спортско здружение во рамките на кое граѓаните и организациите преку своите клубови ги остваруваат и усогласуваат поединечните со општите и заедничките интереси во омасовувањето и развојот на тенискиот спорт.

МТФ е единствен застапник на интересите на тенисерите кои настапуваат на тениските натпревари надвор од Република Македонија.

Членки на МТФ се тениските клубови и други правни лица што вршат дејност спорт во Република Македонија.

Органи на МТФ се:
Собрание- Собранието е највисок орган на МТФ. Собранието го сочинуваат по еден делегат од клубовите, членки на МТФ.

- Претседател- Г-дин Жарко Луковски, Претседателот на МТФ едновремено е и претседател на Управниот одбор.

- Управен одбор- е извршен орган на Собранието, составен од 11 (единаесет) члена, вклучувајќи го и претседателот на МТФ кој е воедно и претседател на Управниот одбор.

- Надзорен одбор- го следи севкупното работење на МТФ, составен од 3 (три) члена, вклучувајќи го и претседателот

Во рамките на МТФ функционираат и извршни тела чие севкупно работење го следи Управниот одбор на МТФ. Извршните тела  се:
- Комитет за професионален и јуниорски тенис ( Државен селектор)
- Судиско-натпреварувачки Комитет
- Тренерски Комитет
- Комитет за развој
- Ветерански Комитет


 

Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup