Вести
Лина стартуваше со победа а Меги со пораз на 25000усд Добрич, Бугарија  13-09-2016
 

      
                Лина Ѓорческа                                           Магдалена Стоилковска

Најдобро рангираната тенисерка Лина Ѓорческа (217 на ВТА сингл и 183 на ВТА дубл) и Фед Куп репрезентативката на Македонија Магдалена Стоилковска (1239 на ВТА сингл и 1032 на ВТА дубл)оваа недела ќе настапуваат на ИТФ турнирот вреден 250000УСД кој се одржува во Добрич, Бугарија.

Лина e поставена за третата носителска позиција на овој турнир, а Магдалена се пласира на главниот турнир со WILD CARD (WC)

Денес Лина победи во првото коло на главниот турнир против квалификантката Miriam Bianca BULGARU од Романија (605 на ВТА) со резултат 6-4, 6-4, а Магдалена загуби во првото коло на главниот турнир против Lou BROULEAU (416 на ВТА) со резултат 4-6, 0-6.
Во четврток Лина во 2 коло игра против противничката на Меги од 1 коло,  Lou BROULEAU (416 на ВТА).

1 коло главен турнир
Lina GJORCHESKA [3] - Miriam Bianca BULGARU   6 -4   6-4
Magdalena STOILKOVSKA - Lou BROULEAU   4-6 0-6

2 коло главен турнир 15.09.2016
Lina GJORCHESKA [3]  - Lou BROULEAU 
Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup