Вести
ПРОДОЛЖУВАЊЕ СО НАТПРЕВАРИ 2020 во услови на ковид 19  03-07-2020
 

Согласно, Одлуката донесена  седницата на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30.06.2020 година за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари   ,,Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, спортските  федерации да го отпочнат организирањето на спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите,,.

Ова значи дека Натпреварувачко Судискиот Комитет на ТФСМ , започнувајки од 10 Јули 2020 година, ќе продолжи со реализацијата на Календарот за Натпреварување за 2020 година во време на КОВИД-19, со стриктно почитување на упатствата и препораките и ПРОТОКОЛOТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ на ТФСМ..

 

Пропозициите за турнирите за следната недела односно периодот 10-13 Јули 2020 година се во прилог и тоа,

- ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 12 години, ТК Тенниспарк Скопје
- ОПМ за Јуниори и Јуниорки до 18 години, ТК МТП Скопје и

-ОПМ за Ветерани 30+ и 50 + години, ТК Југ-Скопје.

 

Воедно Ве известуваме дека Календарот за Натпреварување на ТФСМ за месец Јули 2020 година е објавен на следниот линк.
Останатиот дел од Календарот за Натпреварување Август-Октомври 2020 година, ќе биде објавен што е можно поскоро, но  по очекуваните препораки од Тенис Еуропе и ИТФ и со усогласување нашиот Календар со  календарите на ТЕ ИТФ.

 

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup