Вести
Вракање на тенисот- Протокол 1  06-06-2020
 

На ден 13.05.2020 година Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, која е објавена во Службен Весник на Република Северна Македонија број 123 кој гласи:

„Од  13  мај  2020  година  може  да  се  отпочне  со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за поединеч ни  спортови  и  тенис,  со  задолжително  почитување  на Протоколот  за  тренинг  на  спортисти  во  поединечни спортови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 1 и е составен дел на оваа одлука.“


Согласно оваа одлука на официлајната веб страна на Владата на Република Северна Македонија е објавен и Протокол за изведување на тренажен процес во индивидуалните спортови а кој гласи:

ПРИЛОГ бр. 1 
ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ


  1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
  2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
  3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
  4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
  5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
  6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора да се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
  7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
  8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
  9. Тренингот да се обавува на отворен простор
  10. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
  11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“
  12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци
  13. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден

ПРЕПОРАКИ ОД ТФСМ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ СО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС И ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД 19:
1.      Предлог мерки за клубовите членки на ТФСМ за начин на одвивање на тренажен процес
2.      Визуелно објаснување како треба да изгледа организацијата на тренинзите
3.       Препораки за превенција од КОВИД 19 за тенисерите

4.    Препораки за превенција од КОВИД 19 за клубовите и тренерите

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup