Вести
Симева и Србљак Државни Прваци во 2019 година  20-08-2019



Во периодот од 16 до 19 август 2019 година, на терените на Тенискиот клуб Југ Скопје од Скопје се одржа Државното Првенство на Македонија за Мажи поединечно и двојки и Жени поединечно.

Државни прваци на Северна Македонија се:

1. Жени- Александра Симева од тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје, која оваа година е Државен Првак во три категории: до 16 години, до 18 години и Жени. Во 2019 година, Симева е членка на јуниорската репрезентација на Европскиот Шампионат до 16 години и на Фед Куп репрезентацијата.

2. Мажи поединечно- Горазд Србљак -од тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје, поканет за учество на Дејвис Куп 2019.

3. Мажи двојки-  Димитар Грабул и Томислав Јотовски- двајцата од Тенискиот клуб Југ-Скопје, поканети за учество на Дејвис Куп 2019 година.
Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup