Вести
Известување поврзано со COVID-19  07-04-2020
 

Во текот на 01.04.2020, поради актуелната и позната моментална состојба, по електронски пат на адреса до ТФСМ од страна на ТЕ и ИТФ пристигнаа дописи дека, Тенис Еуропе, ИТФ, АТП и ВТА продолжува со одлагањето на предвидените турнири  и истите ги одложува (Професионални, Јуниорски и Ветерански) до 12.07.2020 година.

 

Станува збор за сите  меѓународни турнири кои беа планирани да се организираат до 12.07.2020 година, вклучувајки го планираниот Давис Куп, Европска Зона 4.

 

Во врска со реализацијата на домашниот Календар за Натпреварување за Лето 2020 година,  ТФСМ и Судиско-Натпреварувачкиот Комитет на ТФСМ  и понатаму ќе ја следат актуелната состојба и ќе ги почитува сите  Одлуки, Решенија и Препораки на Владата, Министерството за Здравство и Агенцијата за Млади и Спорт и ќе постапува  во согласност со истите, и за сите промени на актуелната состојба, благовремено ќе ве известиме.

 

Ве молиме за ова да ги известите Вашите членови.

 

 

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup