Вести
Зимско Отворено Првенство до 14 години  15-12-2017
 

Ве известуваме дека,  Натпреварувачката 2018 година, започнува на 16.12.2017 година, со Зимското Отворено Првенство на Македонија, за Јуниори и Јуниорки до 14 години, во ТК Тенниспарк-Скопје.

 

За таа цел, Ве молиме да ги известите сите ваши пријавени натпреварувачи , пред првиот настап на Првенствата во својата Категорија и Конкуренција, заради продолжување на регистрацијата за 2018 година , го уплатат износот за годишна регистрација  од 800,оо денари.  Истиот износ задолжително да се уплати вирмански на сметката на Македонската Тениска Федерација 370011100031389, депонент Еуростандард Банка а.д. Скопје.

 

Воедно сакаме да Ве потсетиме дека, сите ваши натпреварувачи, кои ќе настапуваат на ова првенство, задолжително да имаат извршено Лекарски Преглед, кој треба да не е постар од 6 месеци.  Лекарскиот Преглед мора да е издаден од Јавна или Приватна Здравствена Установа, од Лекар Специјалист за Спортска Медицина.

Фотокопија од Документот за Лекарски Преглед, да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот.

 

Воедно, заради водење на евиденцијата (регистрација за 2018 година) на натпреварувачите , потребно е да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од МТФ кој го води турнирот, Фотокопија од Изводот на Матичната Книга на Родените, како и една фотографија со димензии 2.5 х 3,5 см.

 

Листата на Учесници на Зимско Првенство во Тенис до 14 години, во организација на ТК Тенниспарк Скопје, од 16-19.12.2018 година:
1. јуниори
2. јуниорки
 

Жребови:
1. Јуниори
2. Јуниорки

Распоред за играње
1.Сабота
2. Недела

 

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup