Вести
2021 годишни регистрации  15-01-2021

Почитувани,

 

Натпреварувачката 2021 година започнува на 23.01.2021 година, со Зимското Отворено Првенство за Јуниори и Јуниорки до 14 години во организација на ТК Југ-Скопје. 

За таа цел, Ве молиме да ги известите сите ваши натпреварувачи ( до 12, 14, 16, 18 години и Ветерани),  пред првиот настап на Првенствата во својата Категорија и Конкуренција, а заради продолжување на регистрацијата за 2021 година или за прва регистрација за 2021 година, го уплатат износот од 800,оо денари за натпреварувачите, односно за членовите на детски тенис (црвен, портокалов и зелен тенис) по 300,оо денари.  Истиот износ задолжително да се уплати вирмански на сметката на  Тениска Федерација на Северна Македонија 300 000 000 981 676 , депонент Комерцијална Банка а.д. Скопје.

 

Воедно сакаме да Ве потсетиме дека, сите ваши натпреварувачи, кои ќе настапуваат на првенствата, задолжително да имаат извршено Лекарски Преглед, кој треба да не е постар од 6 месеци.  Лекарскиот Преглед мора да е издаден од Јавна или Приватна Здравствена Установа, од Лекар Специјалист за Спортска Медицина. На членовите од детскиот тенис,  им препорачуваме да имаат извршено Лекарски Преглед.

Фотокопија од Документот за Лекарски Преглед, да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од ТФСМ кој го води турнирот.

 

Исто така, заради водење на евиденцијата (регистрација за 2021 година) на натпреварувачите и членовите на детски тенис, кои за прв пат се регистрираат, потребно е да се даде на рака на Делегатот/Главниот судија од ТФСМ кој го води турнирот, Фотокопија од Изводот на Матичната Книга на Родените, како и една фотографија со димензии 2.5 х 3,5 см.

Вирман уплатницата за плаќање во Банка (плава боја) или уплатница за електронско-онлајн плаќање , во назнака задолжително да стои Регистрација за 2021 година, за Име и Презиме и кој Тениски Клуб
АМС протоколи за организација на натпревари во услови на ковид 19, страна: 2, 3, 4, 5

 ТФСМ протокол за организација на систем на натпревари

 

Поздрав,

 

Натпреварувачко-Судиски Комитет на ТФСМ

Назад
Баркод
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup