Вести
Статички и динамички вежби за флексибилност  01-04-2020

Статички и динамички вежби за флексибилност

Флексибилноста е моторичка способност за постигнување на максимална амплитуда на движењата во поедини зглобови или систем на зглобови.
Таа е многу битен фактор за оптималната состојба на телото на секој човек како во секојдневниот живот така и во спортот.
Вежбите за флексибилност може да се поделат на две групи:
• Динамички вежби
• Статички вежби

Динамички вежби
Целта на динамичките вежби е да се подготви (загрее и истегне) телото за тренинг или натпревар а истите се изведуваат пред тренинг или натпревар. По дефиниција динамичка вежба за истегнување е способност за изведување на динамички движења со полн обем во одреден зглоб.

Статички вежби
Целта на статичките вежби е смирување на организмот после тренинг или после натпревар и истите се изведуваат после тренинг или натпревар. По дефиниција статичка вежба за истегнување е способност за постигнување и задржување на испружена положба во одреден зглоб, или повеќе зглобови со помош на силата на нашите мускули.

Во текот на следниот период ќе објавиме примери со динамички и статички вежби.

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup