Вести
Ивановски и Симева со големи шанси за влез на Тенис Европа Мастерс турнирт до 14 години  29-08-2018
 

    
                            Калин Ивановски                                                                 Александра Симева                        

Македонските јуниори до 14 години, Калин Ивановски и Александра Симева, остварија огромен успех за време на нивните настапи со ИТФ и Тенис Европа јуниорскиот тим до 14 години, на Теннис Еуропе турнирите во Белгија и Германија.

Александра и Калин заедно ИТФ и Тенис Европа јуниорскиот тим до 14 години, настапија на следните турнири:
1. 41. Internationale Deutsche Tennismeisterschaften U14, Калин стигна до 1/2 финале двојки и 3 коло сингл, а Александра до 
   1/4 финале двојки и 1 коло сингл. На овој турнир, во сопствена режија, настапи и Јана Стојанова која се пласира до
   1/4 финале двојки и 2 коло двојки,

2. Bruyninx YCC, Калин Ивановски победник во сингл и 1/4 финале во двојки, а Александра Симева до 3 коло сингл и 1/4 финале
   двојки. На овој турнир, во сопствена режија, повторно настапи и Јана Стојанова која се пласира до 1/4 финале сингл и 1/4
   финале двојки,

3. Jugend Cup Renningen/Rutesheim International Deutsche Tennis meisterschaften U14,
   Калин Ивановски победник во сингл и 1/4 финале во двојки, а Александра Симева до финале сингл и финале двојки. На овој
   турнир, но во категорија до 16 години, во сопствена режија, повторно настапи и Јана Стојанова која се пласира
   до 2 коло сингл и победник во конкуренција на двојки,

4. 40. Int. BMW Junior Cup 2018, за јуниори и јуниорки до 16 години, Калин Ивановски стигна до 3 коло сингл и финале во двојки, а Александра Симева до 1/4 финале сингл и 2 коло двојки. 

Со постигнатиот успех на овие турнири, Калин и Александра го подобрија нивниот ранкинг на Европската јуниорска ранг листа до 14 години но и го подобрија и рангот за пласман на Мастерс турнирот до 14 години.

Калин Ивановски во моментов е рангиран на 8 место на Европската ранг листа за јуниори до 14 години и е на 4 место за влез на Мастерс турнирот во Реџио Калабриа.

Александра Симева во моментов е рангирана на 23 место на Европската ранг листа за јуниорки до 14 години и е на 9 место за влез на Мастерс турнирот во Реџио Калабриа.

Јана Стојанова во моментов е рангирана на 47 позиција на Европската ранг листа за јуниорки до 14 години.

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup