Вести
Известување за Прва Македонска Лига за мажи на Македонија  18-10-2017
Ве известиме дека, Прва Македонска Лига за Мажи 2017 година, во договор со Клубот Домаќин ТК Југ-Скопје, договорено е истата да се одржи во периодот 25-26.10.2017 година, (среда и четврток).

Имено, истата не се одржа во предвидениот термин од Календарот на МТФ, поради пристигнати пријави од само два клубови и тоа Тениски клуб Југ-Скопје и Тениски клуб Тенниспарк Скопје-Скопје.

Сите останати клубови, кои имааат интерес да настапат на ова натпреварување, да испратат:
1. пријава,
2. номинација и
3. да уплатат котизација за учество на натпреварите од Првата Македонска Лига на износ од 6.000,оо денари, на жиро сметката на МТФ, најдоцна до Вторник 24.10.2017 година, до 12:00 часот. (доказ од уплатата скенирана да се достави на официјалната електронска адреса на Македонската тениска федерација mtf@unet.com.mk)

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup