Вести
Препораки од ТФСМ за клубови, тренери и спортски работници  01-06-2020
 

ПРЕДЛОГ МЕРКИ за ТЕНИСКИТЕ КЛУБОВИ ЧЛЕНКИ на ТФСМ

НАЧИН НА ОДВИВАЊЕ НА ТРЕНАЖНИОТ ПРОЦЕС



1. Тренинзите да се закажуваат online или преку телефон.

2. Наплатата да биде извршувана преку сметка без контакт со вработениот кој работи на закажување и наплата.

3. Тренинзите да се одржуваат: во мали групи 1-4 тенисери и 1 тренер.( техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)

4. На тренинзите да се внимава на растојанието помеѓу играчите и тренерот, каде најкраткото растојание да биде 5-6 метри.

5. На тренинзите освен тренерот и играчите да не присуствуваат останати лица (родители, старатели, пријатели итн.). Препорачуваме родителот да биде во близина посебно за тенисерите под 18 години.

6. Групирање на родители/старатели да не биде дозволено.

7. По завршување на тренингот играчите веднаш да го напуштат клубот.

8. Следната група на тренинзи да биде закажана 30 минути по завршеток на претходната.

9. Клубовите да изврши дезинфекција на целиот простор каде се извршуваат тренинзите по завршување на секој тренинг како и чистење на теренот после секој тренинг.

10. На тренинзите да не се дозволува одигрување на вежби кои би ги зближиле играчите повеќе од законски дозволеното.

11. Ќе се препорача употреба на мала бројка нови топки 4-6.

12. Тренерот е одговорен за допирање на топчињата и за уфрлување во игра. Доколку играчите играат без тренер, топчињата ќе бидат обележани со различни бројки и секој играч ќе биде одговорен да ги уфрли во игра топките со своја бројка како би се одбегнало допирање на туѓите топки.

13. Играчите нема да ги менуваат страните со цел избегнување близок контакт.

14. Играчите, тренерите и клубовите ќе постапуваат согласно препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и нејзините институции како и на Тениската федерација.



Тениска Федерација на Северна Македонија

Александар Ивановски
Претседател

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup