Вести
Тенниспарк Опен 2019  10-05-2019

Тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје, и оваа година ќе биде домаќин на дел од најдобрите Европски и Светски јуниори до 18 год, кои од 13-19.05.2019 ќе настапат на ИТФ Светскиот јуниорски турнир Тенниспарк Опен 2019 во категорија до18 турнир, на кој свое учество редовно добиваат некои од најголемите европски таленти.

И оваа година, турнирот ќе биде во машка и женска категорија со вкупно 100 учесници, а ќе се игра на четири терени на земјена подлога во Спортскиот Центар Јане Сандански. Турнирот е 5 категорија.

Ги покануваме сите љубители на “белиот спорт” да дојдат и да им дадат поддршка на македонските тенисери кои ќе бидат дел од овој турнир.


Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup