Вести
Поместување на ЗОПМ до 18  23-03-2018

Со овој допис сакаме да Ве известиме, дека ЗОПМ до 18 Години, за Јуниори и Јуниорки кој беше предвидено да се игра од 25-28.03.2018 година, СЕ ОДЛОЖУВА за Наредниот викенд односно од 01-04.04.2018 година.
Образложението за ова одложување е следното...Турнирот за Јуниорки се одлага поради недоволен број на пријавени учеснички , само 6 (потребни се најмалце 8 учесници за да се одржи и рангира турнир)...Турнирот за Јуниори се одложува поради новонастанатите временски услови, ниски температури, снег и дожд кој се најавени за наредните денови.
Имено заради предвидените подготовки на Девис Куп тимот на Македонија, кои стартуваат во Понеделник, 26.03.2018 година, замислено беше истите подготовки да се одвиваат во ТК Југ-Скопје, на тениските терени на отворено, но поради горенаведеното истите подготовки ќе се одвиваат во ТК Југ-Скопје во балон салата, додека не се стабилизира времето за играње на отворено. Поради ова ТК Југ не е во состојба да обезбеди термини за одржување на ЗОПМ до 18 години, со што во соработка со Клубот се донесе горенаведената одлука.

- Сите пријави пристигнати на адреса на МТФ до сега важат,
- Сите уплати од страна на пријавените, важат за наредниот термин,
- Може да се пријават и екстра играчи, а рокот е Среда 28.03.2018 година,
- Жребот  и Распоредот за играње ќе се направи во Петок 30.03.2018 година, во 12,оо часот.

Ве молиме за ова да ги запознаете вашите пријавени играчи и останатите ваши членови.

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup