Вести
одложување детски и откажување зелен тенис  03-05-2019

Ве известуваме дека по објавувањето на Листата на учесници на Турнирот во Зелен Тенис, кој требаше да се оддржи викендов во организација на ТК Прилеп - Прилеп , добивме известување од организаторот дека не се во состојба да го организираат истиот, со што турнирот нема да се ОДДРЖИ. Сите учесници кои имаат вирмански уплатено за турнирот  на трансакциската сметка на организаторот, средствата ќе им бидат вратени.

 

Исто така ТК Борец-Велес , поради мал број на пријавени играчи побара Турнирот Детски Тенис (Црвен и Портокалов Тенис), да се ОДЛОЖИ . Имено во рокот на пријавата беа пријавени само ,2 момчиња од ТК Југ, 2 момчиња и 1 девојче од ТК Круна - Гевгелија, 2 девојчиња од ТК Триумф - Штип , 2 девојчиња од ТК Борец за Портокалов Тенис, како и само 4-5 учесници од ТК Борец-Велес за Црвен Тенис.

 

Ве молиме за овие известувања да ги информирате вашите  членови.

 

Поздрав,

 

Македонска Тениска Федерација

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup