Вести
детски тенис ИТЦМ и МАСТЕРС 16  19-10-2018

На терените на Тенискиот клуб Тенниспарк Скопје-Скопје, во периодот од 20.10.-22.10.2018 година ќе се одржи МАСТЕРС ТУРНИР на Македонија за јуниори и јуниорки до 16 години.
Почеток на натпреварите н а МАСТЕРС ТУРНИРОТ:  
1. Мастерс турнирот за јуниори  започнува во Сабота 20.10.2018 година во 10:00 часот, а за јуниорки во 12:00 часот. Секое задоцнување повеќе од 15 минути повлекува дисквалификација од понатамошното натпреварување.
2. Извлекување:  Извлекувањето  за Јуниори ќе биде во 20.10.2018 година во 09:50часот,   по претходно запишување кое започнува во 09:30, а за јуниорките ќе биде во 11:50 часот по претходно запишување кое започнува во 11:30 часот.


На терените на тенискиот клуб ИТЦМакедонија-Скопје во периодот од 20.10.-22.10.2018 година ќе се одржи турнирот од проектот детски тенис- црвен и портокалов тенис.
Листата на пријавени за детскиот турнир согласно пристигнатите пријави можете да ја видите во табелата подоле.

Почеток на натпреварите:  
1. Натпреварите од ПОРТОКАЛОВИОТ ТЕНИС за МОМЧИЊА започнуваат во САБОТА на 20.10.2018 година во 10:оо Часот, по претходно запишување кое започнува во 9:00 до 9:30 час. Влечењето на жрепката за  за Момчиња ќе се изврши во 9:40 часот.
2. Натпреварите од ПОРТОКАЛОВ ТЕНИС за ДЕВОЈЧИЊА започнуваат во САБОТА на 20.10.2018 година во 11:30 Часот, по претходно запишување кое започнува во 11:00 до 11:15 часот. Влечењето на жрепката Девојчиња ќе се изврши во 11:20 часот.
3. Натпреварите  од  ЦРВЕНИОТ ТУРНИР започнуваат во САБОТА на 20.10.2018 година во 12:00 часот, по претходно запишување кое започнува во 11:3о до 11:45 часот., Влечењето на ждрепката за Црвениот Тенис ќе се изврши во 11:50 часот.


 

опис

детски тенис
црвен и портокалов тенис

 

МАСТЕРС ТУРНИР на Македонија за
јуниори и јуниорки до 16 години

 

листа на пријавени
листа на поканети тенисери

листа на пријавени
1. црвен тенис
2. портокалов тенис момчиња
3. портокалов тенис девојчиња

листа на поканети и потврдени тенисери
1. јуниори 
2. јуниорки
Не го потврдија учеството:
Јуниори: Калин Ивановски, Ведран Радоњанин, и Дамјан Поповски-резерва.
Јуниорките: Александра Симева, Ана Ристевска и Јана Огњановска,
Слободните места ќе бидат пополнети на лице место со најдобро рангираните кои ќе се запишат на лице место

жребови

на лице место
1. црвен тенис
2. портокалов тенис момчиња
3. портокалов тенис девојчиња

на лице место после запишувањето
1. јуниори запишување и жреб на лице место
2. јуниорки запишување и жреб на лице место

 
Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup