Вести
Семинар за прилагодување на лиценци- ТРЕНЕРСКИ КОМИТЕТ  06-06-2020
 

Почитувани,

 

Ви пишуваме во врска со активностите кои беа наведени на состанокот со претставниците на клубовите кој се одржа на 8 Мај 2020 година во организација на тренерскиот комитет при ТФСМ. Со цел оваа година да за заврши препознавањето на едукативниот систем (Бронзено ниво) на ТФСМ од страна на ИТФ, тренерскиот комитет ги спроведува следните активности:

 

1.      Семинар за прилагодување на едукативниот систем кон системот на ИТФ за тренери од Ниво 1. Се покануваат тренерите согласно информацијата подолу:

-          Сите едуцирани тренери кои имаат стекнато Ниво 1 или Ниво 2 по старата програма а се едуцирани пред 2015 година;

-          Тренерите едуцирани после 2015 година не подлежат кон прилагодување;

-          Тренерите кои имаат стекнато Ниво 3 согласно стариот систем на едукација не треба да посетуваат едукативен семинар за Ниво 1.

 

2.      Семинар за прилагодување на едукативниот систем кон системот на ИТФ за тренери од Ниво 2. Се покануваат тренерите согласно информацијата подолу:

-          Сите едуцирани тренери кои имаат стекнато Ниво 3 по старата програма а се едуцирани пред 2018 година;

-          Тренерите едуцирани после 2018 година не подлежат кон прилагодување.

 

НАЧИН НА ОДРЖУВАЊЕ

Двата семинари ќе траат по 4 дена од кои:

-          2 дена online на платформата Zoom во периодот 1-10 Јуни 2020 (термини накнадно објавени);

-          2 дена на терен во Јуни 2020 (термини накнадно објавени);

 

ТУТОР - ПРЕДАВАЧ

Горан Шевченко

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

На следните е-маил адреси до 29 Мај 2020 година: goransev@yahoo.com, gsanev@gmail.com

 

ЦЕНА и НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Ниво 1: 4000 денари

Ниво 2: 4000 денари

Лиценца за 2020 година: Ниво 1: 2500 денари, Ниво 2: 3000 денари

Можно е плаќање на 3 рати (1ва рата Мај 2020, 2ра рата Јуни 2020, 3та рата Јули 2020), задолжително на жиро сметка на ТФСМ: 370011100031389, Еуростандард банка

 

ВО ПРИЛОГ СЕ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ

1.      Личен картон 

За сите подетални информации Ве молиме контактирајте: goransev@yahoo.com, gsanev@gmail.com.

 

Со почит,

Тениска Федерација на Северна Македонија

 

Глигор Санев

Тренерски комитет - претседател

Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup