Вести
ФЕД КУП 2019  12-04-2019
 
              Лина Ѓорческа                  Магдалена Стоилковска            Ана Ристевска  Александра Симева

Македонската Репрезентација утре ќе отпатува на ФЕД КУП натпреварите кои ќе се одржат во периодот 15.04.-20,04,2019 година во Хелсинки, Финска.

Во периодот од 08.04.-12.04.2019 година, екипата имаше подготовки за настапот во Финска, кои се одржаа на терените на Тенискиот клуб Тениска Академија-Скопје.

Извлекувањето на групите ќе се одржи во Недела, 14.04.2019 година, со почеток во околу 12 часот, а натпреварите од групите започнуваат од Понеделник, 15.04.2019 година. Фед Куп натпреварите се играат Тенискиот Центар Тали во Хелсинки, во хала на тврда подлога.

Македонската репрезентација ќе отпатува во следниот состав:
1. Лина Ѓорческа - 385 на ВТА
2. Магдалена Стоилковска - 1285 на ИТФ за жени
3. Ана Ристевска- нема ВТА и ИТФ ранг за жени
4. Александра Симева- нема ВТА и ИТФ ранг за жени
Капитен  и селектор: Димитар Лабудовиќ

На Фец Куп натпреварите во Хелсинки ќе настапуваат следните репрезентации:


1. Литванија (ИТФ ранг 65) - носител на групата А
2. Кипар (ИТФ ранг 71) - носител на групата Б

останатите тимови ќе бидат извлекувани по редослед во групата А и во Групата Б

3. Северна Македонија (ИТФ ранг 77)
4. Финска (ИТФ ранг 77)

5. Малта (ИТФ ранг 81)
6. Алжир (ИТФ ранг 86)

7. Косово (ИТФ ранг 94)
8. Исланд (ИТФ ранг 97)
9. Камерун (ИТФ ранг 99)
10. Конго. (ИТФ ранг --)
Назад
Спонзори
ITF
Tennis Europe
ATP
WTA
Davis Cup
FedCup