ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Fri, 26 Apr 2024 13:25:29 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.5.2 230687863 Србљак ги мина квалификации, но загуби во првото коло https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d1%80%d0%b1%d1%99%d0%b0%d0%ba-%d0%b3%d0%b8-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b3%d1%83%d0%b1%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25b1%25d1%2599%25d0%25b0%25d0%25ba-%25d0%25b3%25d0%25b8-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b3%25d1%2583%25d0%25b1%25d0%25b8 Fri, 26 Apr 2024 13:25:29 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8624 Тројца македонски тенисери беа дел од квалификациите на фјучрс турнирот во Куршумлијска бања, а единствено Горазд Србљак успеа да избори пласман на главниот турнир. Но, во денешниот меч од првото коло загуби од Емилиен Демане од Белгија со 2-0 во сетови (63 64). Инаку, Србљак успешо ги мина квалификациите остварувајќи три победи и притоа за пласман на главниот турнир во решавчкиот меч беше подобар од Шендрит Деари, откако противникот го предаде мечот. Во првото коло од квалификациите Србљак го совлада Луиџи Кастелети од Италија со 2-0 во сетови, додека во второто квалификациско коло беше поуспешен од Доминик Дукариу од Германија со 2-0 во сетови.

Деари до мечот со Србљак постигна две победи во првото квалификациско коло го совлада Радован Михалик од Словачка со 2-1 во сетови, додека втората победа му беше против Кристофер Булус од Нигерија со 2-0 во сетови.

Третиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше Обрад Марковски. Тој во првата рунда го совлада Ноа Лопез од Швајцарија со 2-0 во сетови, додека во втората рунда загуби од Сергеј Погосиан со 2-0 во сетови.

Проблемите со дождот беа присутни и на машкиот дел од турнирот, па така Србљак и Деари вчера одиграа по два меча во квалификациите.

Инаку, македонските тенисери се пријавени и за следниот турнир што се игра на истата локација.

]]>
8624
Стоилковска во второ коло во Куршумлијска бања https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b8%d0%bb%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%88%d1%83%d0%bc%d0%bb%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2588%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25bb%25d0%25b8 Fri, 26 Apr 2024 13:12:36 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8621 Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска со триумфот во првото коло над Маша Танасовиќ од Србија со 2-0 во сетови (76(5) 60) избори пласман во второто коло на фјучрс турнирот што се игра во Куршумлијска бања. Таа во следната рунда (2.коло) утре ќе игра против носителката број 6 Наталија Шениќ од Србија која со 2-0 во сетови ја победи Маделин Хагеман.

Во квалификациите на женскиот дел од турнирот настап во првото коло имаше и нашата млада тенисерка Ива Данева, која загуби од Софија Нагорниа од Израел со 2-0 во сетови.

Дождот изминативе денови им создаде големи проблеми на организаторите, па неколку дена воопшто и не се играше, а кога имаше услови мораа да се играат и мечеви од квалификациите.

Инаку, од понеделник треба да почне уште еден фјучрс на истото место, а Стоилковска има место во главниот турнир, додека Данева повторно е пријавена во квалификациите.

]]>
8621
Македонија со најголем скок во БЏК купот на новата ранг листа https://www.mtftennis.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%ba-%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d1%9f%d0%ba-%d0%ba%d1%83%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bc-%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25ba-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b1%25d1%259f%25d0%25ba-%25d0%25ba%25d1%2583%25d0%25bf Tue, 23 Apr 2024 15:32:25 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8616 Женската репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот. Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49.то место во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75.та позиција.

Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг (49.место) со вкупно 373 поени. Разликата меѓу Македонија и Грузија која е пред нас на ранг листата е минимална односно само половина поен – Грузија има 375,50 поени.

Воедно нашата репрезентација е рангирана како 30-та во Евро-африканската зона притоа првите 30 репрезентации сите се од Европа.

На првите пет места на ранг листата се наоѓаат репрезентациите на: Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.

]]>
8616
Ѓорческа поразена во полуфиналето во двојки во Копер https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d1%83%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d1%2583%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be Fri, 19 Apr 2024 18:05:35 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8603 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во финалето на ИТФ фјучрсот W75 Копер што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту го загубија полуфиналето во двојки од словенечко-чешката комбинација Веронија Ерјавец и Доминика Салкова со 2-1 во сетови.

Првиот сет го добија Ерјавец и Салкова со 6:2 во гемови, а голема борба се водеше во вториот сет. Ѓорческа и Миту поведоа со 4:1, но противничките изедначија на 4:4, а потоа сетот се решаваше во тај брејк. Ерјавец и Салкова поведоа со 4:2 на поени, а потоа Ѓорческа и Миту со серија од пет понеи изедначија на 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет што се играше на поени изедначено беше до 4:4, а потоа Ерјавец и Салкова освоија три поени и дојдоа до предност која ја реализираа добивајќи го сетот со 10:7 на поени.

 

ЛинаЃорческа и Романката Кристина – Андреа Миту го загубија полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот воКопер од Вероника Ерјавец Словенија и Доминика Салкова Чешка со 2-1 во сетови (62 67(4) и во решавачкиот сет 10-7 на поени)

]]>
8603
Полуфинале во двојки за Ѓорческа во Копер https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d0%be%d0%bb%d1%83%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d1%2583%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25be Thu, 18 Apr 2024 18:44:02 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8601 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту со 2-0 во сетови (64 61) за 1 час и 11 минути ги совладаа Ивана Себестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева.

Утре (петок) во полуфиналето за противнички ги имаат првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка. Според распоредот на мечеви полуфиналето треба да почне по 14 часот.

Инаку, Ѓорческа денеска беше елиминирана во поединечна конкуренција во второто коло од Дебора Киеса од Италија со 2-0 во сетови.

]]>
8601
Лабудовиќ: За малку не стигнавме да играме плеј оф за пласман во Првата Евро-африканска зона од БЏК купот https://www.mtftennis.mk/%d0%bb%d0%b0%d0%b1%d1%83%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%9c-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d1%83-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b3%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%bc%d0%b5-%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d0%b3%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b1%25d1%2583%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8%25d1%259c-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25ba%25d1%2583-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b3%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bc%25d0%25b5-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580 Thu, 18 Apr 2024 16:19:56 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8599 Женската репрезентација на Македонија го заврши годинашниов настап во рамките на Били Џин Кинг купот, а македонските тенисерки постигнаа три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска која заврши како победник). Она што е важно со настапот во Втората Евро-африканска зона е нагорната линија која ја има овој женски тим, односно освоеното четвртото место во зоната каде Македонија беше нова репрезентација откако лани во Скопје победивме во рамките на Третата Европска зона.
За настапот и резултатите на четирите меча во Вилнус капитенот Димитар Лабудовиќ изјави:
– Тргнавме со желба за опстанок, всушност тоа беше и нашата цел, а за малку не стигнавме да играме плеј оф за пласман во Првата Евро-африканска зона односно плеј оф од 1-3.место. Резултатски завршивме со скор 3-1 (победи-порази). Секоја победа што ја постигнавме беше исклучително важна, а имаме ист скор со Литванија која се пласираше во Првата зона. На крајот некако сите жалиме за нешто повеќе, пред се што не игравме плеј-оф за промоција.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска исто како и претходните години беа тенисерките кои ги носеа поените.
Се покажа уште еднаш дека без Лина неможеме да играме. Таа е носител на тимот, на играта, може да го повлече „тимот“. Нејзината добра игра беше причина и Магдалена да одигра добри мечеви со исклучок на синглот со Естонија (што беше и наш прв меч). Таа играше на високо ниво на другите мечеви, што е секако добро и за нас и за неа. Другите тенисерки помладите (Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова), ова за нив беше големо искуство и ова треба да им биде мотив како треба да работат. Видоа што значи да се игра со поквалитетни тимови, поквалитетни противнички. Во оваа зона нема слаби репрезентации, не е како во Третата зона каде има 1 до2 добри репрезентации, тука едноставно нема слаб тим. Тие треба да тренираат многу посериозно. Истотака не треба да заборавиме дека добрата игра се должи и на добрата атмосфера, одличната хемија во тимот, заврши Лабудовиќ.

]]>
8599
Ѓорческа поразена во сингл на фјучрсот во Копер https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%b3%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d1%98%d1%83%d1%87%d1%80%d1%81%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b3%25d0%25bb-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2584%25d1%2598%25d1%2583%25d1%2587%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25be Thu, 18 Apr 2024 14:06:52 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8597 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во поединечна конкуренција на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Поуспешна од неа во второто коло беше Дебора Киеса од Италија, која триумфираше со 2-0 во сетови (64 64) за 1 час и 46 минути игра. Ова за Киеса е втора победа над Ѓорческа во неколку месеци.

Трите брејка на Италијанката се покажаа решавачки за победата, бидејќи Ѓорческа имаше само еден брејк.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше постојано водство од еден гем се до резултатот 4:3 во гемови, кога ривалката успеа да изедначи, а потоа и да направи брејк во 9.тиот гем што се покажа како клучно бидејќи сетот го освои со 6:4. Во вториот сет ривалката на Ѓорческа почна со водство од 2:0 во гемови, кое го одржуваше и потоа дојде до резултат од 5:2, но Лина успеа да освои два гема по ред, но немаше можност за пресврт во сетот, кој заврши со 6:4 за Киеса.

За пласманот во второто коло Ѓорческа ќе освои 9 поени.

Нашата тенисерка денеска треба да одигра и меч во конкуренција на двојки – четвртфинале каде заедно со Романката Кристина-Андреа Миту за противнички ги имаат Ивана Себестоба од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина. Одригувањето на мечот е неизвесно од причина што денешната програма поради дожд е прекината.

]]>
8597
Сигурен старт на фјучрсот во Копер за Ѓорческа https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d0%b8%d0%b3%d1%83%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d1%98%d1%83%d1%87%d1%80%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%b5%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d1%93/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2580%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2584%25d1%2598%25d1%2583%25d1%2587%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25b5%25d1%2580-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2593 Wed, 17 Apr 2024 12:19:16 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8591 Македонската тенисерка ја продолжи добрата серија настапи и по одличните мечеви за македонската репрезентација претходната недела на стартот од ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер оваа недела оствари две победи. Денеска во мечот од првото коло во поединечна конкуренција ја совлада носителката број 6 Анка Алексиа Тодони од Романија (191.место на ВТА листата) со 2-0 во сетови (64 61) за 99 минути игра.

Ѓорческа во мечот имаше 7 брејка од 11 можности, а противничката 3 од 12.

На почетокот на мечот двете тенисерки почнаа со брејк, а Ѓирческа го освои четвртиот гем на свој сервис и по третиот брејк веќе водеше со 4:1 во гемови што се покажа како клучна предност за освојување на првиот сет. Во вториот нашата тенисерка почна одлично и со серија од три гема поведе со 3:0, Романката освои еден гем, но тоа беше и последен за неа. Македонската тенисерка со нова серија од три гема го освои сетот со 6:1 и за пласман во второто коло.

Следна ривалка ќе и биде Дебора Киеса од Италија, од која загуби на вториот фјучрс во Кипар во март годинава. Инаку Киеса која играше и во квалификациите на овој турнир во првото коло ја победи Зулета де Реалес од Шпанија со 2-0 во сетови (64 62).

Македонската тенисерка утре најверојтано ќе има два меча на програмата бидејќи вчера заедно со Андреа Миту од Романија постигнаа победа на турнирот во двојки совладувајќи ги тенисерките од Чешка Викторија Бервид и Денисе Хрдинкова со 2-0 во сетови (63 62) и во четвртфиналето ќе играат против Ивана Севестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина.

]]>
8591
Сара Митевска беше дел од финалето на турнир во Солун https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d1%88%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d1%2588%25d0%25b5-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582 Mon, 15 Apr 2024 18:23:58 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=8588 14-годишната македонска тенисерка Сара Митевска играше во финалето на турнирот во Омилос Протатлитон во Солун. Ова за младата македонска тенисерка е одличен резултат од причина што играше со повозрасни конкуренти бидејќи турнирот беше за тенисерки до 16 години од категорија 3. Во финалето Митевска загуби од првата носителка Катерина Устабасиду со 2-0 во сетови (63 63).

На патот до финалето Митевска, која беше рангирана како петта носителка забележа четири победи против конкурентки сите од Грција. Во првото коло Митевска беше слободна, а во второто коло со максимлани 2-0 (60 60) без загубен гем ја совлада Марија Јоану. Во следната рунда – осминафиналето ја совлада Хариклеа Зина (10-та носителка) со 2-0 во сетови (61 63), додека во четвртфиналето беше поуспешна од Хрисула Параскевопулу (4-та носителка) со 2-0 во сетови (63 60).

За пласманот во финалето нашата тенисерка ја совлада Фотеини-Нефели Фасула (7-ма носителка) со 2-0 во сетови (76(1) 60):

Во конкуренција на двојки Митевска со Никол Нунева од Бугарија стигнаа до полуфиналето.

 

]]>
8588
Шевченко: Нашите девојки покажаа квалитетна игра на сите мечеви https://www.mtftennis.mk/%d1%88%d0%b5%d0%b2%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%b6%d0%b0%d0%b0-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2588%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2587%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2588%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bb Sun, 14 Apr 2024 15:15:30 +0000 http://www.mtftennis.mk/?p=8577 Женскиот национален тим на Македонија со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска) натпреварувањето во Втората Ефро-африканска зона го заврши на четвртото место. Предизвикот за настап беше голем особено што Македонија беше нова репрезентација во овој зона. Според очекувањето главни играчи во нашиот состав беа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и го понесоа „товарот“, додека во составот беа и младите тенисерки: Ива Данева, Теона Андова и Ана Митевска.

Првиот меч на секое натпреварување е еден од најважните:

  • Според мене ова беше еден од најголемите успеси на женската BJKC репрезентација. По одличниот настап во 2023 година кога се пласиравме од 3-та Европска во 2-та Евро-Африканска група за нашиот тим целта беше опстанок во оваа повисока група. Но, девојките на самиот старт против репрезентацијата на Естонија покажаа дека можат многу повеќе. Пред се со победата на Лина против Каја Канепи која најдобар ранкинг на ВТА листата и беше 15 место и победата на Лина и Магдалена во мечот во двојки против Каја Канепи и Ингрид Нил (41 место на ВТА во двојки) кои воедно важеа за фаворити во овој меч во двојки,истакна спортскиот директор Горан Шевченкo.

За другите три меча спортскиот директор со видување:

  • Неизвесниот меч против Хрватска каде Магдалена беше на прагот да го освои првиот сет и Лина каде можеби за нијанси да го добие нејзиниот сингл меч. Со овој пораз кој беше и единствен оваа година не успеавме да се пласираме во завршницата односно да се бориме за влез во 1-та Евро-Африканска група. Следните денови беа победите над Грузија и Израел каде Лина рутинирано ги доби сингл мечевите, додека Магдалена со уште поквалитетен тенис од претходните денови успеа да победи и во двата наредни сингл меча. Вреди да се напомене дека и нашите најмлади членови на репрезентацијата Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова добија шанса во игра на двојки. Свој белег оставија и капитенот Димитар Лабудовиќ и тренерот Кристијан Вангелов, како и во подготовката на целиот настап така и во секој меч поединечно, а важна беше и поддршката за време на мечевите. За време на настапот владееше одлична тимска и натпреварувачка атмосфера која вплоди со резултатот кој го постигнавме односно 4-то место со само еден пораз, сумираше Шевченко.

За време на натпреварувањето во Вилнус, нашиот женски национален тим со тренерите имаше и средба со Billie Jean King, тениска легенда која во својата кариера беше во еден период и најдобра светска тенисерка, а кариерата ја заврши со 129 турнирски победи, од кои 12 Грен Слем титули (со победи на сите четири Грен Слем турнири). Нашата екипа ја оствари средбата каде нашите тенисерки имаат можност да научат од една од најдобрите тенисерки во историјата.

Настапот на нашата Billie Jean King Cup репрезентација од 8-13 Април 2024 во Вилнус, Литванија на BJKC од 2-та Евро-Африканска група се одржа во одличната СЕБ Арена која располага со одлична инфраструктура за ваков настан.

]]>
8577