Американците имаа контрола над мечот иако во вториот сет на свој сервис не успеаја да ја искориста брејк предноста, па сетот се решаваше во тај брејк.
Впрвиот сет Сигерман и Трхач го добија со 6:4, а клучниот брејк за предност во сетот го направија во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја сочуваа до крајот на сетот. Во вториот сет секој од дубловите го освојуваше гемот на свој сервис до резултат 5:5, а потоа Сигерман и Трхач направија брејк, но не го задржаа до следниот гем кога на сервис на Сигерман чешката комбинација успеа да изедначи и да се избори сетот да се решава во тај брејк. Во 13.тиот гем – без многу проблеми Сигерман и Трхач дојдоа до предност и тај брејкот го завршија со 7:4 на поени.
Со победата во Скопје Американците Сигерман и Трхач ја потврдија фаворитската улога и за нив ова е четврти Челинџер освоен оваа година.
По мечот Рајан Сигерман во името на победничкиот пар изјави:
- Задоволем сум од настапот и од победата на турнирот, одигравме навистина добар турнир. Им честитам и на финалистите, а се надевам дека оваа сезона ќе биде навистина успешна за нас.
Победниците на турнирот добиваат по 75 поени, со што ќе имаат шанса за голем скок на АТП листата, а финалистите ќе освојат по 50 поени.
Финалето во поединечна конкуренција меѓу Полјакот Камил Мајхчак и Јоел Шварцлер почна во 13:10 часот.
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ