Во првиот сет по осум одиграни гема ниту една тенисерка не освои гем на свој сервис, а во таков резултатски тек Ѓорческа водеше со еден гем предност. По 4:4 во гемот број 9 Младеновиќ го освои гемот на сервис поведе со 5:4, а потоа со нов брејк го доби првиот сет со 6:4 во гемови.
Почетокот на вториот сет беше сосема поинаков и по три гема водство за Младеновиќ, но сега тенисерките освојуваа гем на свој сервис. Французинката прва напррави брејк за водство од 3:1, но кога беше најпотребно во 10.гем на свој сервис Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Но, сепак следните два гема и припаднаа на Младеновиќ за 7:5 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.
Ѓорческа за пласманот во полуфиналето на турнир од рангот W100 ќе освои 39 поени и најверојатно на новото рангирање ќе успее да влезе меѓу првите 200 тенисерки на ВТА листата.