Второ коло за Ѓорческа, елиминација на Стоиловска

May 28, 2025

Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска имаа настап во првото коло на ИТФ фјучрсот W35 во Куршумлијска бања. Ѓорческа која е рангирана како втора носителка ја совлада Милана Забраилова со 2-0 во сетови (64 64) за 100 минути игра, додека Стоиловска загуби од седмата носителка Марта Матула од Грција со 2-0 во сетови (64 62) за 84 минути игра.

Ѓорческа имаше контрола над резултатот и во првиот сњт имаше еден брејк повеќе од ривалката и со 6:4 го доби првиот сет. Во вториот сет противничката стартуваше со 3:0 во гемови, но Лина направи пресврт во сетот и поведе со 5:3, за и вториот сет да го заврши со идентични 6:4 во гемови. Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против квалификантката од Србија Андреа Обрадовиќ, која со 2-0 во сетови славеше победа во првото коло против Патриција Геогина Голна од Романија

Стоилковска откако успешно ги мина квалификациите и постигна победи над Сара Мицкоска (Австралија) 2-0 во сетови и Андреа Ротс (Естонија) во првата рунда на „главниот турнир немаше среќа со ждрепката и налета на седмата носителка Марта Матула од Грција и денеска го загуби мечот со 2-0 во сетови (64 62).

На турнирот во квалификации настапи и Ивана Милкова која загуби во првата рунда од Клара Ваја со 2-0 во сетови.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани