Првиот носител Стефан Мицов без поголеми проблеми го совлада Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови (62 62), додека неговиот ривал во полуфиналето Шендрит Деари беше уште подобар во реализацијата и на противникот Борјан Стефановски (6 носител) му препушти само два гема (61 61).
Во полуфиналните мечеви кај девојките имаше могу повеќе игра и двата меча завршија со 2-1 во сетови. Изненадување приреди Теона Андова која ја победи актуелната шампионка и репрезентативка на Македонија Александра Симева со 2-1 (26 61 62) и со тоа ја прекина низата на Симева од пет финалиња на ДП. Во второто полуфинале репрезентативката на Македонија Ива Данева (ланска финалистка и шампионка од 2021) ја победи Ивана Кузманоска со 2-1 (64 16 62).
Финалето во женска конкуренција на програмата е утре (сабота).
Резултати 1/4 финале – мажи:
Распоред на мечеви по терени – петок (14.јули):
Стефан Мицов (1) – Амар Хусеиновиќ 62 62
Димитар Грабул (5) – Томислав Јотовски (2) 63 75
Иван Манасов (8) – Бесир Дургути (4) 63 64
Шендрит Деари – Борјан Стефановски (6) 61 61
Резултати полуфинале – жени:
Теона Андова (4) – Александра Симева (1) 26 61 64
Ива Данева (2) – Ивана Кузманова (3) 64 16 62
Резултати полуфинале – двојки мажи:
Манасов, Колевски (1) – Мицов, Ристовски (4) 63 64
Хусеиновиќ А., Хусеиновиќ Е. (2) – Стоилковски, Кусески (3) 63 64
Распоред за сабота (15.јули):
Терен број 5:
Стефан Мицов – Шендрит Деари
Теона Андова – Ива Данева
Манасов, Колески – Хусеиновиќ А., Хусеиновиќ Е.
Терен број 8:
Иван Манасов – Димитар Грабул