Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби

February 2, 2025

Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број 1 во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција А.Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.

Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (63 61), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (60 60) – 2.коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (76(4) 63) – 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (62 63), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (64 61).

Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови (41 35 11-9 на поени).

Амар Хусеиновиќ и следната недела ќе има настап на турнир во Кенија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани