Во поединечна конкуренција Темов без загубен сет стигна до турнирска победа, а идентичен беше резултатот и во конкуренција на двојки. Младиот Андреј во финалниот меч го совлада Даниел Васев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 62), а во полуфиналето го совлада Мајк Темос од Грција со 2-0 (63 62), додека во четвртфиналето го совлада Стефан Николеску од Романија со 2-0 (61 63).
Во мечевите во група заврши како првопласиран во конкуренција со Александре Спанос од Грција и Михаел Иванов од Бугарија.
Во игра на двојки заедно со Василиј Заковски во финалето Џонатан Корен од Израел и Алекса Стевиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61).
Турнирот беше убава можност македонските млади тенисери да одиграат мечеви со врсниците од неколку европски држави.
Оваа недела во Скопје се одржува уште еден турнир за тенисери и тенисерки до 14 години на терените на ТК Југ.