Третиот ден од мечевите од главниот турнир на Macedonian Open не донесе поголеми изненадувања, па така фаворитите обезбедија пласман во четвртфиналето на АТП Челинџерот што се игра во Скопје. Ланскиот победник Жоел Шварцелер во второто коло го победи Марат Шарипов и уште еднаш покажа дека добро се снаоѓа на скопските турнири. Нешто повеќе маки имаше првиот носител Хуго Делиен од Боливија, која мораше да игра три сета за четвртфиналето.
Мили Пољичак од Хрватска, кој во првата рунда го елиминираше нашиот Калин Ивановски го елиминира Женаро Оливиери од Аргентина. Од носителите и Британецот Џеј Кларк во два сета ја мина втората пречка.
Како изненадувања може да ги „запишеме“ победите на квалификантот Нермин Фатиќ од БиХ против петтиот носител Виктор Дурасовиќ од Норвешка, а секако и пласманот во ТОП на „среќниот губитник“ Даниел Михалски од Полска, кој го надигра Французинот Корентин Деноли.
Денеска беа комплетирани и мечевите од првото коло во конкуреција на двојки каде македонската комбинација Ивановски – Бугариќ загуби ид третите носители Болипали – Прашант од Индија.
РЕЗУЛТАТИ – СРЕДА 21.МАЈ
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН
Жоел Шварцлер (Австрија) – Марат Шарипов (6) 2-0 (63 64)
Хуго Делиен (1, Боливија) – Мика Брунолд (Швајцарија) 2-1 (61 46 64)
Чудари Болипали, Сундар Прашант (Индија) – Берк Бугариќ, Калин Ивановски (Македонија) 2-1 (46 63 10-8)
ТЕРЕН БРОЈ 5
Михаел Гертс (Белгија) – Ориол Рока Батала (4, Шпанија) 2-1 (06 64 76(5))
Мили Пољчак (8, Хрватска) – Женаро Алберто Оливиери (Аргентина) 2-0 (75 63)
Неил Оберлајтнер, Давид Пихлер (Австрија) – Инихо Сервантес (Шпанија), Луис Давид Мартинез (Венецуела) 2-1 (36 63 10-6)
Даниел Цикерман (Израел), Михаел Гертс (Белгија) – Александру Јекан (Романија), Џиорџио Рика (Италија) 2-0 (76(5) 64)
ТЕРЕН БРОЈ 8
Џеј Кларк (3, Велика Британија) – Педро Качин (Аргентина) 2-0 (64 64)
Даниел Михалски (Полска) – Корентин Деноли (Франција) 2-0 (61 62)
Александер Донски (Бугарија), Серхио Мартос Хорнес (Шпанија) – Џорџ Голдхоф, Треј Хилдебранд (САД) 2-0 (76(3) 63)
ТЕРЕН БРОЈ 6
Кристоф Негриту (Германија) – Франко Агаменоне (Италија) 2-1 (64 46 61)
Нермин Фатиќ (БиХ) – Виктор Дурасовиќ (Норвешка) 2-0 (63 64)
Клив Харпер (Канада), Рајан Сегерман (САД) – Марко Бортолоти (Италија), Кристиан Родригез (Колумбија) 2-0 (64 63)
Марсело Демолинар, Марсело Зорман (Бразил) – Александер Мерино (Перу), Кристоф Негриту (Германија) 2-0 (75 64)
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ