Првото коло беше единствено и за македонските млади тенисери. Амар Хусеиновиќ загуби од Украинецот Тимур Биелдиугин со 2-0 во сетови (61 62) за 1 час и 14 минути. Марко Стоилковски совои пет гема во мечот против Лука Петровиќ од Велика Британија со 2-0 (64 61).
Од македонските тенисери во тек е мечот на Бесир Дургути со Русинот Давуд Амиров, додека подоцна следуваат мечевите на Берк Бугариќ против Романецот Нини Дица и на Калин Ивановски против Тибо Колсон.
Секако и дуелот на македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак.
Од мечевите во првото коло Хрватот Вито Тонејц го победи 6.тиот носител Бразилецот Вилсон Леите со 2-0 (63 75), додека Тоби Мартин од Велика Британија направи изненадување со победата над вториот носител Антоан Оанг од Франција. Мечот го доби си 2-1 во сетови (64 36 63).
фото: Игор Паневски
Амар Хусеиновиќ
Марко Стоилковски