Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настпот на ИТФ фјучрсот на Бол на Брач во Хрватска што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Поуспешен од него беше осмиот носител Португалецот Тиаго Периера со 2-1 во сетови (36 76(6) 64) за 2 часа и 44 минути игра.
Во првиот сет македонскиот тенисер стигна до предност откако загубениот гем на стартот од мечот го врати и веднаш изедначи на 1:1, а потоа и во шестиот гем направи брејк и сетот го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ивановски почна со брејк и водство, а потоа беше и на чекор до победа, но ривалот успеа да направи пресврт. Прво изедначи на 5:5 во гемвои, а потоа во тај брејкот успеа да стигне до изеднчување од 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет имаше само еден брејк и тоа во деветтиот гем кога Переира направи брејк освојувајќи ја третата брејк топка, а во следниот гем стигна до 6:4 во гемови и 2-1 во сетови.
Ивановски следната недела е пријавен за настап на ИТФ фјучрс во Белград, турнир кој водено е подготовка за настапот во Дејвси купот што ќе стартува од 9.јуни и се игра во Скопје.