Македонските тенисер Калин Ивановски на убедлив и сигурен начин стартуваше со мечевите на ИТФ фјучрсот во Бол на Брач. Тој за 69 минути го надигра ривалот Андреа Гуерини од Италија совладувајќи го со 2-0 во сетови (60 62).
Во првиот сет македонскиот тенисер имаше целосна доминација и сетот го заврши без загубен гем – 6:0. На стартот од вториот сет Гуерини го освои првиот гем, а Ивановски со два брејка во следните дав гема на сервис на ривалот стигна до 4:1. Ривалот потоа го имаше и единствениот брејк во мечот, но следните два гема му припаднаа на Калин за конечни 6:2 во гемови во вториот сет и 2-0 во сетови во мечот.
Во следнат рунда Ивановски за ривал го има Тиаго Переира од Португалија осми носител, кој денеска во првата рунда славеше со 2-0 во сетови (63 62) против Мориц мајер од Германија.