Калин Ивановски утре на терен по 12 часот во меч против Пољичак

May 19, 2025

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски утре ќе се појави на Централниот терен на ТК Југ во Градски парк во Скопје. Тој во мечот од првото коло ќе игра против осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска. Пољичак пред три години беше јуниорски шампион на Вимблдон, а двајцата тенисери заедно тренираат во клубот во Хрватска.

Покрај мечот на Ивановски кој нема да почне пред 12:30 часот, на Централниот терен ќе се појави уште еден македонски тенисер. Амар Хусеиновиќ во конкуренција на двојки со Стефан Латиновиќ од Србија во првата рунда ќе играат против првите носители Срирам Балаји (Индија) и Мигуел Рејес – Варела (Мексико). Овој меч нема да почне пред 15 часот. Настап на Централниот терен ќе има и првиот носител Хуго Делиен од Боливија, кој ќе игра против квалификантот Тоби Кодат од САД:

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ЗА ВТОРНИК – 20.МАЈ

ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН – почеток 10:30 часот

Дино Прижмиќ (Хрватска) – Макс Хукес (7, Холандија)

Мили Пољичак (8, Хрватска) – Калин Ивановски (Македонија) не пред 12:30 часот

Хуго Делиен (1, Боливија) – Тоби Кодат (САД)

Срирам Балаји (Индија), Мигуел Рејес-Варела (Мексико) – Амар Хусеиновиќ (Македонија), Стефан Латиновиќ (Србија) не пред 15 часот

ТЕРЕН БРОЈ 5 – почеток 10:30 часот
Педро Качин (Аргентина) – Манас Дамне (Индија)

Неил Оберлајтнер (Австрија) – Орило Рока Батала (Шпанија)

Кристоф Негриту (Германија) – Жомбор Пирош (2, Унгарија)

Ендрју Поллсон, Михаел Врбенски (Чешка) – Мак Кајгер, Патрик Трхач (САД) – не пред 15 часот

ТЕРЕН БРОЈ 8 – почеток 10:30 часот

Корентин Деноли (Франција) – Николај Будков Кјаер (Норвешка)

Лилиан Мармусе (Франција) – Женаро Алберто Оливиери (Аргентина)

Максим Мрва (Чешка) – Михаел Гертс (Белгија)

ТЕРЕН БРОЈ 6 – почеток 10:30 часот

Џеј Кларк (3, Велика Британија) – Јеле Селс (Холандија)

Нермин Фатиќ (БиХ) – Николас Алварез Варона (Шпанија)

Франко Агаменоне (Италија) – Абдулах Шелбајх (Јордан)

Влезот на терените е слободен.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани