Македонско-српската комбинација Обрад Марковски и Никола Јовиќ не успеаја да се пласираат во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања отккао попладнево поуспешни од нив беа Аргентинците Шин Хес и Лоренцо Гаљардо, кои во изедначен меч постигнаа победа од 2-1 во сетови (63 26 13-11 на поени) за 83 минути.
Во првиот сет единстевниот брејк го направија аргентинските тенисери во осмиот гем кога поведоа со 5:3 во гемови. Во вториот сет Марковски и Јовиќ направија три брејка, а еден гем на свој сервис загубија и тоа им овозможи да го добијат вториот сет со 6.2 и да изедначат на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет на поени ривалите постојано имаа минимална предност, а ја искористија дури четвртата меч топка и сетот го добија со 13-11 на поени.