Македонскиот тенисер Обрад Марковски по двете победи во квалификациите на ИТФ фјучрсот М15 Куршумлијска бања утре ќе го игра финалето од квалификациите против 11.носител Син Хес од Аргентина.
Во првите две кола од квалификациите македонскиот тенисер оствари убедливи и сигирни победи. Во првиот меч го совлада домашниот тенисер Лука Маџаревиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 60), додека во вториот меч беше поуспшен од Игнасион Антонио Бечера Отарола од Чиле (седми носител) со 2-0 во сетови со пет загубени гемови (61 64).
Почетокот на утрешниот меч за пласман на главниот турнир почнува во 8 часот.