Нијанси решија за елиминацијата на Ивановски во првото коло на Macedonian Open

May 20, 2025

Во одличен и изедначен меч македонскиот тенисер Калин Ивановски е елиминиран на стартот од АТП Челинџерот Macedonia Open 2025. Подобар од него беше осмиот носител Хрватот Мили Пољичак, кој со 2-1 (64 67(5) 64 во сетови избори пласман во второт коло. Мечот траше 2 часа и 55 минути игра. Нијанси го решија победникот, а во клучните моменти Пољичак успеваше да има поголема смиреност и прецизни топки. Карактеристика на мечот е и тоа што во сите три сета првиот гем завршуваше со брејк.

Така во првиот сет Ивановски поведе со 1:0 во гемови и предноста ја имаше до шестиот гем кога Пољичак успеа да направи брејк и да изедначи на 3:3. Решавачката предност за водство од 1-0 во сетови хрватскиот тенисер ја направи во 10.гем кога направи уште еден брејк и сетот го доби со 6:4. Во вториот сет повторно водство со брејк за Ивановски од 1:0, а ривалот успеа да изедначи односно да го врати брејкот за 4:4. До крајот на сетот немаше брејк и сетот беше решен во тај-брејкот. По водството на Ивановски од 3:2 на поени Пољичак направи мини серија за 5:3, но до крајот на сетот сите поени беа на страната на Ивановски за 7:5 во тај-брејкот и 7:6 во гемови за 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Пољичак почна со брејк и поведе со 1:0 во гемови, а Ивановски шансата за изедначување ја пропушти во шестиот гем кога не успеа да искористи три брејк топки. Во следните два гема на свој сервис хрватскиот тенисер одлично ги сервираше и едноставно Ивановски не додје веќе во шанса за освојување на гем на сервис на противникот. Така Пољичак го доби решавачкиот сет со 6:4 во гемови.

За Ивановски останува утрешниот меч со Берк Бугариќ во конкуренција на двојки.

Централниот терен за време на мешот на Ивановски имаше солидна посета.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани