Изминатата сабота ја обележавме со организацијата на Тенискиот фестивал кој се одржа на Плоштадот во Охрид.
Близу 200 дечиња беа дел од овој настан, кои низ игра и дружење се запознаа со основните движења во тенисот. Веруваме дека кај дел од нив се роди желбата да влезат во авантурата на тенисот и дека во иднина ќе може да ги видиме и на тениските терени.

Истакнуваме благодарност до нашите спонзори кои ја овозможија организацијата на тениските фестивали: УНИБанка – генерален спонзор, Витаминка, Аутомобиле СК, СЕТЕК, Триглав Осигурување, Порта Инженринг, Чунга Лунга и Горска. Благодарност и до домаќинот ТК Охрид, како и до Општина Охрид кои не поддржаа во целата организација.
За тоа како си поминавме, погледнете ги сликите од галеријата подоле.
…до следната тениска авантура, ТФСМ.