ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО НА ФИНАЛИСТИТЕ НА MACEDONIAN OPEN 2025

May 23, 2025

Џеј Кларк од Велика Британија и Нермин Фатиќ се финалисти на годинашното издание на АТП Челинџер турнирот Macedonian Open 2025. За двајцата играчи ова е второ учество во Скопје, а заедничко им е тоа што и двајцата во петходните две години биле елиминирани од истиот тенисер Жерар Кампана Ли од Кореја (Фатиќ во 2023 година со 2-1 во сетови, а Кларк во 2024 година со 2-1 во сетови).

КЛАРК ГИ ДОБИ СИТЕ МЕЧЕВИ ВО ДВА СЕТА

Британецот Кларк на турнирот настапува како трет носител, има 26 години во моментив неговиот ранг е 250.место, а најдобриот ранг му е 153.место (22.07.2019 година). На патот до финалето мина помалку време на терените на ТК Југ бидејќи сите четири меча ги доби во два сета и воглавно неговите мечеви имаа траење од 90 до 120 минути. Во тие мечеви го елиминираше и првиот носител Хуго Делиен од Боливија во полуфиналето, а успеа во четвртфиналето до го победи и ланскиот шампион Жоел Шварцлер Кларк во моментов е шести Британец на АТП ранг листата.

ФАТИЌ ЌЕ ТРГНЕ ЛИ ПО СТАПКИТЕ НА МАЗАРАКИС И ВАЛКУЗ ?

Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина на „главниот турнир“ стигна преку квалификациите односно имаше два меча повеќе и притоа од тие шест победи само две беа во два сета, а другите четири во три сета. Еден од мечевите – финалето од квалификациите против Кампана Ли траеше 190 минути, воедно тоа беше и „слатка одмазда“ за поразот во 2023 година. Фатиќ има 30 години, во моментов е на 339.место, а најдобриот ранг во имаше кога беше 191.место (07.08.2023 година). Фатиќ во моментов е втор од Босна и Херцеговина на АТП ранг листата. Инаку, Фатиќ не е првиот тенисер кој од квалификациите стигнал до финалето. Пред него тоа им успеа Гркот Василис Мазаракис во 1999 година и на Унгарецот Мате Валкуз во 2023 година, двајцата на крајот се радуваа на турнирска победа.

ЏЕЈ КЛАРК – ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО

1 коло – ЈЕЛЕ СЕЛС (ХОЛАНДИЈА) 2-0 (63 62) (87 минути)

2 коло – ПЕДРО КАЧИН (АРГЕНТИНА) 2-0 (64 64) (108 минути)

1/4 финале – ЖОЕЛ ШВАРЦЛЕР (АВСТРИЈА) 2-0 (63 61) (97 минути)

1/2 финале – ХУГО ДЕЛИЕН (1,БОЛИВИЈА) 2-0 (76(4) 63) (116 минути)

НЕРМИН ФАТИЌ ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО

1 коло квалификации – АМАР ХУСЕИНОВИЌ (МАКЕДОНИЈА) 2-0 (62 63) (51 минута)

финале квалификации – ЖЕРАР КАМПАНА ЛИ (КОРЕЈА) 2-1 (64 57 62) (190 минути)

1 коло – НИКОЛАС АЛВАРЕЗ ВАРОНА (ШПАНИЈА) 2-1 (63 26 64) (172 минути)

2 коло – ВИКТОР ДУРАСОВИЌ (НОРВЕШКА) 2-1 (63 64) (84 минути)

1/4 финале КРИСТОФ НЕГРИТУ (ГЕРМАНИЈА) 2-1 (36 76(6) 62)(142 минути)

1/2 финале МИЛИ ПОЉИЧАК (8, ХРВАТСКА) 2-1 (64 57 64) (179 минути)

Во конкуренција на двојки во финалето ќе играат првите носители Срирам Балаџи од Индија и Мигуел Рејес – Варела од Мексико против чешката комбинација Ендрју Полсон и Михаел Врбански. Полсон во 2023 година беше победник заедно со сонародникот Петр Ноуза, додека лани играше во финалето со сонародникот Патрик Рикл. Индиецот Балаџи со сонародникот Јеван Недунчезијан настапи во финалето.

Победникот во синг финалето ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени и 7.620 евра. За победниците во двојки има по 75 поени, а за финалистите по 50 поени. Паричната награда изнесува 4.540 евра, а за финалистите 2.630 евра.

Финалето во сингл се игра на Централен терен, додека финалето во двојки ќе се игра на теренот број 5. Почетокот на двата меча е во 10 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани