Победа и пораз за Ѓорческа на денешните маратонски мечеви

May 1, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска одигра два маратонски меча на ИТФ фјучрс турнирот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа одигра вкупно шест сета и мина 4 часа и 30 минути игра на терените, притоа постигна победа во двојки и пораз во сингл конкуренција.

Во второто коло од поединечна конкуренција Ѓорческа загуби од Анастасија Тихонова од Русија со 2-1 во сетови (67(3) 64 64). Првиот сет македонската тенисерка го доби во тај брејкот, а во следните два ривалката беше поуспешна со 6:4 во гемови.

Во игра на двојки Лина заедно со домашната тенисерка Екатерине Горгодзе (Грузија) ги победија првите носителки Мартина Кубка (Полска) и Лиса Заар (Шведска) со 2-1 во сетови (46 76(5) 10-5 на поени). Во следната рунда во четвртфиналето утре Ѓорческа и Горгодзе ќе играат против Зозија Кардава (Грузија) и Уладизислава Зверава (Русија).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани