Познати сите учесници на главниот турнир на Macedonian Open 2025

May 19, 2025

Со одигрувањето на денешните финални мечеви од квалификациите познати се и последните шест тенисери кои се пласираа во „главниот ждреб“ на АТП Челинџерот Macedonian Open 2025. Тоа се Лилиан Мармусе (Франција), Манас Дамне (Индија), Тоби Кодат (САД), Франко Агаменоне (Италија), Неил Оберлајтер (Австрија) и Нермин Фатиќ (БиХ).

Воедно денеска стартуваа и првите мечеви од првата рунда, а пласман во второт коло изборија Мика Брунолд од Швајцарија кој со 2-0 го совлада Лука Микрут од Хрватска, ланскиот победник Жоел Шварцлер од Австрија, кој со 2-0 го победи Гонзало Буено од Перу. Шестиот носител Марат Шарипов го совлада Бугаринот Јанаки Милев со 2-0 во сетови.

РЕЗУЛТАТИ – ПОНЕДЕЛНИК 19.МАЈ

ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН

Лилиан Мармусе (Франција) – Даниел Михалски (Полска) 2-0 (63 64) квалификации

Мика Брунолд (Швајцарија) – Лука Микрут (Хрватска) 2-0 (63 64)  прво коло

Жоел Шварцлер (Австрија) – Гонзало Буено (Перу) 2-0 (64 63) прво коло

Марат Шарипов  – Јанаки Милев (Бугарија) 2-0 (75 63) прво коло

ТЕРЕН БРОЈ 5 

Манас Дамне (Индија) – Мартин Крумих (Чешка) 2-0 (63 75) квалификации

Тоби Кодат (САД) – Михаел Врбенски (Чешка) 2-0 (76(5) 61) квалификации

Франко Агаменоне (Италија)  – Матеј Додиг (Хрватска) 2-1 (76(5) 26 60) квалификации

Виктор Дурасовиќ (Норвешка) – Стефано Траваља (Италија) 2-1 (46 64 76(5))

ТЕРЕН БРОЈ 6

Нермин Фатиќ (БиХ) – Жерар Кампана Ли (Ј.Кореја) 2-1 (64 57 62) квалификации

Неил Оберлајтнер (Австрија) – Ендрју Полсон (Чешка) 2-0 (64 63)  квалификации

Утре вторник мечевите стартуваат во 10:30 часот, а ќе се играат 12 меча од првата рунда во сингл конкуренција и два меча во конкуренција на двојки. На програмата е мечот и на македонскиот тенисер Калин Ивановски против Мили Пољичак, кој ќе се игра на Централниот терен, но не пред 12.30 часот. Воедно настап и во игра на двојки ќе има и македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ, кој заедно со Стефан Латиновиќ од Србија ќе играат против првите носители Срирам Балаји (Индија) и Мигуел – Рејес Варела (Мексико).

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани