Полуфинале во двојки за Ѓорческа во Грузија

May 2, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Екатерине Горгодзе од Грузија изборија полуфинале на ИТФ фјучрсот во Лопота, Грузија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Тие во четвртфиналето ги совладаа Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија) со 2-0 во сетови (63 63).

За пласман во финалето Ѓорќеска и Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд), кои во денешниот меч остварија триумф над Американките Кајетано – Ли со 2-1 во сетови (67 63 и 10-8 на поени).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани