За Ѓорческа ова беше второто финале во 2024 година (втор пораз), додека во кариерата го играше 35.то финале и остана со 13 турнирски победи.
На почетокот на мечот Ѓорческа стартуваше со брејк и водство од 1:0 во гемови, но противничката ги користеше своите моменти и дојде до предност од 2:1. Во четвртиот гем од првиот сет се водеше голема борба и по 16 одиграни поени, Селехметева го доби гемот за водство до 3:1 и си отвори пат за освојување на првиот сет што заврши со резултат 6:1.
Вториот сет беше резултатски неизвесен. Повторно Ѓорческа поведе со 1:0, а до шестиот гем во сетот и резултатот од 3:3 во гемови тенисерките го освојуваа гемот на свој сервис. Првиот брејк го направи Русинката и поведе со 4:3, но веднаш следуваше ри-брејк на Ѓорческа за 4:4. Без нов брејк значеше дека сетот ќе се решава во „13-та игра“ (тај брек). По 2:2 на поени Селехметева имаше серија од три понеи за водство од 5:2 и до крајот ја зачува предноста и го доби тај брекот со 7:3 на поени, а сетот со 7:6 и мечот со 2-0.
Во мечот Ѓорческа имаше два аса, а ривалката еден, која имаше и една двојна грешка, а македонската тенисерка мечот го заврши со 7 двојни сервис грешки. Ѓорческа искористи две брејк топки од три можности, а Селехметева 4/11. Нашата тенисерка имаше само 11 освоени поени на втор сервис (37%), додека ривалката имаше 17 (68%).
Ѓорческа ја очекува скок на ВТА листата, особено што ќе и бидат впишани поените од овој турнир (лани беше полуфиналистка) како и поени за настапот во квалификациите на Вимблдон.
Најдобрата македонска тенисерка од понеделник ќе има настап на турнир во Порто од истиот ранг – W75 Porto.