Распоред на мечеви за четврток (22.мај) – четвртфинале Macedonian Open

May 22, 2025

Борбата за пласман во полуфиналето на Macedonian Open е денеска на програмата кога се планирани четвртфиналните мечеви во сингл и во двојки.

Само еден играч има изборено пласман во двете конкуренции тоа е Михаел Гертс од Белгија, кој во мечот на теренот број 5 ќе игра против Мили Пољичак од Хрватска. Почетокот на овој меч е во 10:30 часот, а по овој дуел е и пресметка на квалификантот Нермин Фатиќ од БиХ и Германецот Кристоф Негриту.

На Централен терен ќе се игра и најинтересната пресметка меѓу ланскиот победник Жоел Шварцлер и третиот носител Џеј Кларк, а потоа е дуелот на првиот носител Хуго Делиен (учесник на Ролан Гарос) и Даниел Михалски, која како „среќен губитник“ стигна до четвртфиналето.

На теренот број 6 ќе се играат три меча во конкуренција на двојки.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ – ЧЕТВРТОК 22.МАЈ

ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН – почеток 10:30 часот

Џеј Кларк (3, Велика Британија) – Жоел Шварцлер (Австрија)

Хуго Делиен (1, Боливија) – Даниел Михалски (Полска)

ТЕРЕН БРОЈ 5 – почеток 10:30
Мили Пољичак (8, Хрватска) – Михаел Гертс (Белгија)
Нермин Фатиќ (БиХ) – Кристоф Негриту (Германија)

не пред 14 часот
Марсело Демолинер, Марсело Зорман (4,Бразил) – Даниел Цукерман (Израел), Михаел Гертс (Белгија)

ТЕРЕН БРОЈ 6 – почеток 10:30 часот
Ендрју Полсон, Михаел Врбенски (Чешка) – Клив Харпер  (2,Канада), Рајан Сегерман (2, САД)

Срирам Балаји (1,Индија) Мигуел Рејес-Варела(Мексико) – Александер Донски (Бугарија), Серхио Мартос Хорнес (Шпанија)

не пред 14 часот   

Неил Оберлајтнер, Давид Пишлер (Австрија) – Чудари Болипали, Сундар Прашнат (3, Индија)

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани