На терените на ТК Југ во Градски парк денеска се одиграа 14 мечеви (12 во сингл и 2 во конкуренција на двојки) сите од првото коло. Од сингл мечевите пет беа завршени во три сета. Три сета играше и нашиот Калин Ивановски, кој беше поразен по 2 часа и 55 минути игра што беше втор најдолг меч на денешниот ден, откако претходно на Централен терен Даниел Михалски и Макс Хукес играа 3 часа и 54 минути.
Најбрза победа (51 минута)постигна Аргентинецот Педро Качин, со триумфот над Манас Дамне од Индија, додека првиот носител Хуго Делиен го победи Тоби Кодат со 2-0 за 73 минути.
РЕЗУЛТАТИ ВТОРНИК – 20.МАЈ
ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН
Даниел Михалски (LL,Полска) – Макс Хукес (7, Холандија) 2-1 76(4) 46 76(8)
Мили Пољичак (8, Хрватска) – Калин Ивановски (Македонија) 2-1 (64 67(5) 64)
Хуго Делиен (1, Боливија) – Тоби Кодат (САД) 2-0 (64 63)
ТЕРЕН БРОЈ 5
Педро Качин (Аргентина) – Манас Дамне (Индија) 2-0 (62 61)
Орило Рока Батала (4,Шпанија) – Неил Оберлајтнер (Австрија) 2-1 (67(2) 63 64)
Кристоф Негриту (Германија) – Матеј Додиг (LL, Хрватска) 2-1 (61 46 64)
Ендрју Поллсон, Михаел Врбенски (Чешка) – Мак Кајгер, Патрик Трхач (САД) 2-1 (76(5) 46 10-7)
ТЕРЕН БРОЈ 8
Корентин Деноли (Франција) – Николај Будков Кјаер (Норвешка) 2-0 (76(2) 61)
Женаро Алберто Оливиери (Аргентина) – Лилиан Мармусе (Франција) 2-1 (64 36 61)
Михаел Гертс (Белгија) – Максим Мрва (Чешка) 2-0 (62 61)
ТЕРЕН БРОЈ 6
Џеј Кларк (3, Велика Британија) – Јеле Селс (Холандија) 2-0 (63 62)
Нермин Фатиќ (БиХ) – Николас Алварез Варона (Шпанија) 2-1 (63 26 64)
Франко Агаменоне (Италија) – Абдулах Шелбајх (Јордан) 2-0 (64 75)
Срирам Балаји (Индија), Мигуел Рејес-Варела (Мексико)– Амар Хусеиновиќ (Македонија), Стефан Латиновиќ (Србија) 2-0 (62 76(6))
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ