СОБИРАЧИТЕ НА ТОПЧИЊА НЕИЗБЕЖЕН ДЕЛ ОД MACEDONIAN OPEN 2025

May 27, 2025

Уште едно издание на MACEDONIAN OPEN е зад нас, тенисерите веќе се на нови локации, еден и на Ролан Гарос, другите ја продолжуваат „трката по поени“ за да можат да се доближат до новиот Грен слем турнир, а некои можеби ќе земат и малку одмор.

Но, Бојан, Синан, Младен, Еда, Јана… и уште многу од собирачите на топчиња го живеат својот сон и ги комплетираат импресиите од турнирот и од дружбата со играчите кои беа дел од овој АТП Челинџер турнир. Девојчиња и момчиња на возраст меѓу 10-14 години седум дена беа секојдневно на терените за да го комплетираат впечатокот на тунрирот. За некои ова беше прво искуство, други пак веќе биле дел од овој турнир, но заедничко за сите е дека во глас одговорија дека сакаат повторно да бидат дел од еден ваков настан.

Финалниот ден, беше ден со пауза поради дождот, но тоа беше момент да поразговараме со нив за нивните впечатоци.

Заеднички одговор на сите беше дека имале грешки додека биле на теренот (но нели одговорите на децата се најискрени), сепак истакнаа дека тоа било првите денови, а како одминувал турнирот нивата работа била се поуспешна и подобра. Тоа го потврдија и самите играчи. Во разговорите со нив Младен знаеше да каже: нормално е да се греши, но мора да се трудиме да се поправиме за да бидеме успешни.

Секој имал свој фаворит меѓу тенисерите учесници од нашите Калин, Амар, до финалистот Немрин, па играчот од двојки Рајан Сигерман.

Двата „отворени часа“ со Хуго Делиен и Нермин Фатиќ беа доплнителен мотив овие дечиња да продолжат да тренираат, па така одоворија дека не секој може да биде на терен со играч во ТОП 100 и дека прекрасно било да се биде на терен со Хуго и Нермин, Берк и Амар,… Јана немала можност да биде на тие часови, но затоа вети дека следната година ќе се пријави токму заради тој дел од турнирот.
Дружбата меѓу мечевите додека чекаа влез на терен беше уште едно искуство, го следеа мечевите, учеа како да се постават за спин, како за слјаз, но како да не направат грешка, која ја прават тие собирачи кои беа на теренот.

Присуството на овој турнир во оваа улога е секако мотив плус за сите да продолжат да тренираат и да не се откажуваат, па така Еда беше искрена и кажа дека нема веќе откажување во меч кој губи бидејќи тоа го научила од овој турнир.

Новите пријателства се тука, ривалството ќе биде на теренот, но ќе си помагаат едни со други како што тоа го правеа на Macedonian Open, а кој знае можеби во некое од овие деца ќе ја видиме новата Лина (која од искуствата како собирач на топки стигна до 170 место на светската WTA листа), новиот Калин, или Амар,…

Секако нивниот дел за собирање пред и по мечевите секогаш беше полн со насмевки, задоволни лица и на крајот жал што ова издание на MACEDONIAN OPEN има крај.

« of 4 »

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани