Младата македонска тенисерка Сара Митевска (15 години) триумфираше на турнриот Поинтер Опен 2025 што се играше на терените на ТК Поинтер во Скопје. Таа на убедлив начин без загубен сет стигна до триумфот на турнриот.
Сара во денешното финале ја совлада тенисерката од Грција Фасула Фотеини-Нефели со 2-0 во сетови (75 62), а на патот до победничкиот пехар првото коло го мина откако во првиот сет при 2:0 во гемови Нина Тепиќ го предаде мечот. Во втората рунда на тенисерката од Бугарија Каролина Костова и препушти само еден гем 2-0 во сетови (61 60). Во четвртфиналето ја совлада Теона Андова од Македонија со 2-0 во сетови (61 75), додека во полуфиналето беше поуспешна од Софија Дрозденко со 2-0 во сетови (61 63).
Во конкуренција на двојки со Тепиќ беа дел од полуфиналето.
На машкиот дел од турнирот Кристијан Јанев успеа да стигне до четвртфиналето.