Најтешката задача македонскиот тенисер ја имаше во второто коло откако во првото беше слободен. Тој го победи Романецот Алберт Јонут со 2-1 во сетови (67(5) 60 60) и откако го загуби првиот сет (единствен на турнирот) следните два ги доби без загубен гем. Во следната рунда го совлада Алекса Постиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 63), а во четвртфиналето беше подобар и од Стефан Ѓоковиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови (63 63). За пласман во финале имаше два исцрпувачки сета кои ги доби со 7:5 во гемови за победа над Милан Радојчиќ (Србија) – 2:0 во сетови (75 75), додека во финалето го победи Матија Путиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 75).
Од другите македонски тенисери на овој турнир четвртфинале во сингл и во дубл играше Кристија Јанев, додека Ерион Незири беше четвртфиналист во сингл конкуренција.
Кај девојчињата на чекор до финалето во двојки беа Јана Божиновска и Катја Ивановска, кои беа елиминирани во полуфиналето со 2-1 во сетови од првите носителки и победнички на турнирот.
Двојна победа на ИТФ турнирот (категорија 2) во Улцињ „Чунгу опен 2025“ постигна Марко Алексовски, тој во финалето го победи Швајцарецот Николас Панусопулос со 2-0 во сетови (64 62), додека во конкуренција на двојки со Сергеј Артемев ги победија во финалето Лори Да Силва од Франција и Арбер Дано од Албанија со 2-0 во сетови (63 61).
Тениските возбудувања во Скопје продолжуваат и оваа недела каде на терените на ТК Поинтер се игра турнир за тенисери и тенисерки до 18 години.