Нермин Фатиќ и Џеј Кларк се финалисти на годинашново издание на Macedonian Open 2025, откако во полуфиналните мечеви забележаа победи. Фатиќ во меч во три сета го совлада осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска со 2-1 (64 57 64) по речиси три часа игра, додека Џеј Кларк го совлада првиот носител Хуго Делиен од Боливија со 2-0 во сетови (76(4) 63.
Двајцата пријатели Фатиќ и Пољичак на Централниот терен беа три часа и одиграа меч со многу пресврти. Во првиот сет имаше само еден брејк во третиот гем од сетот кога Фатиќ поведе со 2:1 и предноста ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет Пољичак направи три брејка, а Фатиќ со тоа што хрватскиот тенисер постојано имаше водство. Во решавачкиот сет Пољичак поведе со 3:1 откако направи брејк, но ривалот во следниот гем ја искористи дури шетата брејк топка и намали на 3:2 и да го врати загубениот гем на сервис. Во деветтиот гем Фатиќ направи уште еден брејк за предност која ја материјализираше и сетот го доби со 6:4, а со тоа и мечот. Успехот на Фатиќ е огоромен ако се знае дека турнирот го почна од квалификациите.
Во првото полуфинале Британецот Џеј Кларк го совлада првиот носител Делиен. Во првиот сет имаше дури шест брејка, по три за секој тенисер, па сетот беше решен во тај брејк. Делиен поведе со 4:1 во поени, но потоа Кларк освои шест поени во низа и гемот го заврши со 7:6. Во вториот сет имаше само еден брејк во шестиот гем на сервис на боливискиот тенисер. Кларк ја освои шестата брејк топка, додека Делиен имаше три шанси за 3:3.
Утрешното финале меѓу Кларк – Фатиќ почнува во 10 часот и се игра на Централниот терен. Победникот на турнирот ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени.
Во конкуренција индиско-мексиканската комбинација Срирам Балаји и Мигуел Рејес-Варела ги победија Бразилците Марсело Демолинер и Марсело Зорман со 2-0 во сетови (75 63). Во вториот полуфинале дуел во двојки Ендрју Полсон и Михаел Врбенски двајцата од Чешка ги победија тенисерите од Индија Чудари Болипали и Сундар Прашант со 2-0 во сетови (63 63).
Финалето во двојки се игра на теренот број 5 истотака со почеток во 10 часот. Победниците ќе добијат по 75 поени и 4.540 евра, а финалистите ќе освојат по 50 поени.
Влезот на финалните мечеви е слободен.
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ