Младиот македонски тенисер Марко Алексовски со две победи го заврши денешниот ден на турнирот во Аликанте (категорија 1) за играчи од 14 години. Тој денеска постигна две победи. Во поединечна конкуренција во мечот од третото коло го совлада полскиот тенисер Јан Марсели Липка со 2-0 во сетови (63 75), притоа успеа да спаси и сет топка во вториот сет при резултат 5:3 за противникот. Утре во четвртфиналето противник ќе му биде Португалецот Франциско Сардиња.
Во конкуренција на двојки заедно со Сардиња изборија полуфинале откако ги надиграа попладнево во четвртфиналето Иван Пиачура и Хозе Луис Вега Понс со 2-0 во сетови (61 61). Утре за меч во финалето ривали ќе им бидат тенисерите од Чешка Ондреј Кацин и Тобиас Запски.
Алесковски и Сардиња дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund.