– Најдобро го одиграв четвртфиналето на турнирот во Барселона, кога противник ми беше Франциско Сардиња, а секако добро играв и против Стефан Шангичев во финалето на истиот турнир. На теренот најдобро соработував со тренерот Горан, како и со Португалецот Сардиња, со кого настапував и во двојки на неколку од турнирите. Надвор од теренот најчесто се дружев со членовите на тимот, но и со другите кои настапуваа на турнирите, изјави Марко за сајот на федерацијата.
За следниот период Алексовски го очекуваат нови настапи, а пред се ќе треба да се потврдат добрите резултати од овие турнири.
– План за следен период ми е да играм на Супер Категорија во Шпанија и да се пласирам на завршниот мастерс во Монте Карло, истакна Марко.
Инаку, македонскиот тенисер беше дел од тимот на ITF Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund заедно со Франциско Сардиња (Португалија), Андрија Мартиновиќ (БиХ), Рафаел Пагонис (Грција), Сами Идил Озкерестечи (Турција), Виолета Скрип (Украина), Василиса Зарецинаја (Молдавија) и Еда Лара Шачировиќ (БиХ). Тимот беше предводен од тренерите: Ирина Кузмина- Римша од Летонија и Горан Шевченко од Македонија.