Алексовски на убедлив начин стигна до победничкиот пехар во Битола

June 2, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски триумфираше на турнирот Битола Опен за тенисери и тенисерки до 14 година, што изминатиов виканд заврши во Битола. Турнирот беше од трета категорија, а победникот до триумфот стигна на убедлив начин. Алексовски во првите три меча загуби само по еден гем, а во финалето и поелуфинале на ривалите и препушти по четири гема или вкупно на турнирот во пет меч загуби само 11 гема.

Во финалето Марко го совлада Николај Потер од Србија со 2-0 во сетови (61 63), додека во полуфиналето беше подобар од Петар Травица од Србија со 2-0 (64 60). Во четвртфиналиот меч беше пдобар од Стелијан Даракев од Бугарија со 2-0 (61 60), а претходно ги победи Ѓорѓе Адамовиќ (Србија) 2-0 во сетови (60 61) и Петрос Бицакос од Грција 2-0 (61 60).

Турнирот кај момчињата мина во знак на македонските тенисери бидејќи турнирска победа во конкуренција на двојки изборија Марин Стефановски и Иван Трповски. Тие во финалето ја победија македонско-германската комбинација Марко Алексовски – Максимилијан Хајцик со 2-0 во сетови (76(5) 63).

Оваа недела се одржува уште еден турнир во Македонија за тенисери и тенисерки на возраст до 14 години – МТП Опен 2025.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани