Алексовски победник на МТП Опен

June 8, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски по минатонеделниот триумф на турнирот во Битола и оваа недела имаше успешен настап на турнирот МТП Опен (турнир за тенисери и тенисерки до 14 години од категорија 3) и повторно заврши како победник. Тој во финалниот меч го совлада Стелијан Даракев од Бугарија со 2-0 во сетови (61 62).

Претходно во полуфиналето го совлада Иван Трпковски од Македонија со 2-0 во сетови (60 62), а најтешко до победата стигна во четвртфиналето откако го совлада Мартин Стефановски (Македонија) со 2-0 во сетови (75 60). Во првиот меч (второ коло бидејќи во првото коло беше слободен) го победи Артур Винтер од Швајцарија со 2-0 во сетови (63 62).

Во конкуренција на двојки со Андреј Темов, Алексовски беа финалисти и загубија од Дариус Александру Ратиу и Темирлан Жантемиров со 2-0 во сетови (64 75).

Во конкуренција на девојчиња Надица Блажевска заедно со Амелиа Беднарска од Полска во финалето беа поразени од Асја Ај и Шенен Налбант од Турцијасо 2-0 во сетови (61 61).

Од понеделник (9.јуни) стартува Поинтер Опен турнир во младинска конкуренција за тенисери и тенисерки до 16 годии.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани